Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу во изјава за Утрински брифинг кажа дека очекува повторно да ја добие поодршката од жителите.
– Инвестирано е многу на подводната инфраструктура која во некои делови од Чаир е направена уште пред 40 години. Многу е инвестирано и во зеленило и во тој поглед може да се пофалиме. Од 10 општини трети сме по рангирање во однос на зеленилото. Овие инвестиции се препознаени од нашшите сограѓани. Инвестирано е и во спортската инфраструктура. Изградени е нова трибина на стадионот во Чаир. Реконструаирана е и тревната површина на стадионот со најновите механизми за одвод и наводнување на стадионот. Во завршна постапка е и административната зграда. Неопходна беше и градинка која треба да собере над 300 деца, најголема во Македонија. Повторно ќе ја побарам довербата на граѓаните на Чаир. Атакувам на вториот мандат, но треба до крај да ги почитуваме одлуките на партијата – кажа Ганиу.