Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу вели дека станбениот објект кој е почнат да се гради во близина на џамијата во Чаир, е предвиден за изградба пред повеќе од 20 години
-Станбениот објект кој е почнат да се гради во близина на џамијата во Чаир, е предвиден за изградба пред повеќе од 20 години, изјави Ганиу.
Според него, објектот е во согласност и со ГУП-от и со новиот ДУП, Општината немала право да врши измени.
– Тоа е уставна норма. Таму каде е предвидена зграда со ДУП, ние не може да ја отстраниме, затоа што Општината ќе плаќа пенали, рече Ганиу.
Воедно, тој додаде дека во новиот ДУП се инкорпорирани стадионот и други објекти.
– Тука има промени само пет отсто од стариот ДУП. Така го најдовме и повеќе од 20 години стои како маркичка за изградба, не е нешто ново. Сега сопствениците на тоа место нашле инвеститор, аплицирале за дозвола и тоа е во финална фаза. Тоа е нивно уставно право и ние немаме како да ги спречиме, појасни Ганиу.