Ганиу: Парно греење ќе имаме само за два дена

од Nikola Popovski
374 прегледи

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу денеска информираше дека општината вчера платила два милиона од вкупниот долг од девет милиони евра, со што ќе имаат парно греење за само два дена.

-И да го подмириме целиот долг тогаш Топланата ќе има пари да купи гас само за неколку дена. Ни почнува учебната година наскоро и навистина не знам како ќе се реши овој проблем, изјави Ганиу на денешната прес-конференција на која тој како потпретседател на ЗЕЛС, заедно со претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ги презентирале заклучоците од Управниот одбор на ЗЕЛС кои произлегоа од втората седница што се одржа ден претходно и кои меѓу другото се однесуваа на рефлектирањето на влијанието на енергетската криза и врз работењето на единиците на локалната власт.

Според Ганиу, три училишта и една градинка од Чаир се приклучени на парно греење.

-Градинката ‘Снежана‘ нема греење, а сите сметки се подмирени. Тоа е спротивно на Законот за енергетика, истакна Ганиу.

Слични содржини