Градоначалникот на Чаир и член на коалицијата ВЛЕН, Висар Ганиу го повтори претходниот став дека лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари има комуницикација и се договара со ДУИ и Европскиот фронт. Вели дека настапите на Таравари се малку конфузни и треба јавноста сама да ги процени.
-Нашиот став беше дециден дека нема партиципираме со партија која соработува со ДУИ. Мислам дека ја потрошија последната карта бидејќи партијата инвестира во расцеп на коалициите и партиите и Таравари им е последна карта за да бидат во Владата. Тоа беше јасно прочитано и најмногу загуби токму Таравари, рече Ганиу во емисијата „24 анализа“.
Според Ганиу, учеството на министерот за здравство во Владата е завршена работа.
-Неприфатливо за нас е да бидеме со Таравари кога тој соработува со ДУИ. Тоа би значело дека преку него, ДУИ со една нога би била во Влада, истакна градоначалникот.