Ганиу: Шеснаесет луѓе од Чаир загинаа, нема атмосфера да се украсува за Нова година

од Берта Китинска
506 прегледи

Советот на општината општината Чаир  вчера одлучи да ги пренамени средствата за украсување за Нова година за помош за семејствата на загинатите во несреќата која се случи во Бугарија.

– Ги алоциравме средствата наменети за украсување на општината за Нова година. Шеснаесет луѓе од нашата општина загинаа и нема никаква атмосфера да се украсува за Нова година, вели за Утрински брифинг градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

Огромна трагедија во трагедијата е што меѓу загинатите има мнгу деца, повеќето од општината Чаир.Тој додава дека со новиот буџет ќе предвидат поголеми средства за помош за семејствата на загинатите. Централната власт го покрива транспортот, исламската верска заедница ќе ги покрие трошоците околу погребот.

Слични содржини