Денеска со предлог на Министерството за економија, ја укинавме одлуката во делот на акции, со оглед дека трговци на мало ја толкува претходната одлука за неможност на давање акции или промоции. Сега и дистрибутерите и производителите ќе можат да организираат такви акции за нашите потршувачи. Исто така, одлучивме за намалување на цените и ознаката „гарантирана цена“ да продолжи до крајот на годината, а дотогаш ќе го имаме новото законско решение за нефер трговски практики, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши на брифинг со медиумите.
Според него, сите производите со „гарантирана цена“ мора да ги имаат највисоките цени од 1-ви август до крајот на оваа година, намалени со дополнителни 10% согласно донесената одлука.
Владата претходно објави листа на околу 500 производи во 25 категории, за коишто маркетите беа обврзани да ја намалат цената за најмалку 10 проценти. За оние коишто не ја почитуваат мерката се предвидени казни, но и затворање на маркетите.