Гардиан: Бизнисот ја повика британската влада да се фокусира на постигнување на преодна зделка

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Британските министри треба да престанат да се расправаат и да се согласат за тоа да се постигне преоден договор кој го посакува Велика Британија, пред да бидат финализирани идните трговски односи со Европската унија, предупредува бизнис заедницата, пишува весникот Гардиан.
“Има итна потреба владата адектавтно да ги разгледа најважните непосредни ризици за бизнисот по Брекзит: што ќе се случи, и што нема да се случи на денот на Брезкит”, се прецизира во извештајот на лондонскиот Институт на директори.
Имајќи предвид “карактерот” на претстојните трговски преговори и “зголемениот скептицизам”, конечен договор може да биде постигнат пред крајот на март 2019 година, затоа Владата треба порано да преземе чекори за минимизирање на ризиците за бизнис од едно хаотично напуштање на блокот.
“Постојат различни можности за транзиција. За да може бизнисот однапред да ги планира и треба да се знае кој пат Владата ќе го следи “, се додава во извештајот.