“Гардијан”: Европејците се исплашени, револтирани и згрозени, по истекот на тајните документи за Брекзит

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Французи, Германци, Холанѓани, Италијанци и Бугари: “Очигледно сме несакани тука!”

Граѓаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија, реагираа веднаш со неверници, страв и огорченост на информациите кои протекоа од Министерството за надворешни работи , документи кои ги покажуваат плановите на владата за имигрантите по Брекзит, пишува “Гардијан”.

ТАму работат истовремено висококвалификувани кадри и луѓе со обични професии кои се поврзале со англискиот весник, кој прв ги објави предметните планови за да искажат како се чувствуваат дека живеат “во непријателска средина” и веќе немаат доверба во владата.

Александрин  француски инженер кој  завршила Оксфорд, вели: “Речиси жалам што дојдов и се населив во Велика Британија. Професионално беше добар потег, но не и на личен план. Ако знаев дека ќе дојде време кога ќе можам да останам уште три години, немаше воопшто да доаѓам. ”

Тонот на документите  оставил до граѓаните на ЕУ со силното чувство дека во владата на земјата не може да се има доверба и дека тоа не може да даде никакви гаранции за правата на оние кои се населиле тука, иако преговорите за договор со Брисел  не се завршени.

Холандскиот  доктор  Себастијан Калуж, 51, прашан дали ќе е во можност да продолжи да функционира  тука, по поминати на островот 22 години при нови правила кои ќе фаворизираат Британците пред останатите Европејци, одговара: ” Ги прочитав протечените документи во Гардијан и едноставно ги свиткав рамениците со  изненадување. Уште една недоосмислена идеја од очајнички тим кој работи на Брекзит. Имам силно чувство на солидарност со другите Европејци. Зошто јас да продолжам да работа во англискиот здравствен систем, кога на нив ќе им биде одбиено, “вели тој. Тој размислува да ја напушти земјата, но засега останува поради семејни причини. Калуж вели дека прочитал во холандски весници и е јасно дека “угледот на Велика Британија е   уништен”. Тој додава: “мачно е да се гледа курсот кон самоуништување, поет од владата.

” Бугарката Дени Стојанова, која има диплома по финансии, е дојдена во Велика Британија пред две години, откако се заљубиле со Англичанец. Иако има квалификациите, таа тврди дека поради расизмот на Островот не може да најде работа за специјалноста и затоа сега е касиерка во продавница во Ливерпул. “Според овие документи, јас и луѓето како мене можеме да останеме максимум две години. Што ќе се случи потоа? Тоа е толку неправедно,   чувствувам гадење. Чувството од овој предлог е да се чувствуваш несакан. Тоа ме прави тажна. И  за првпат сум навистина загрижена, откако го работам како што   што го нарекуваат “нискоквалификувани имигрант од ЕУ”, бидејќи сум касиерка  во продавница. На нас очигледно ни си деновите . Секој од нас имигрантитеја  чувствува оваа непријателска атмосфера, без разлика кој што работи и фактот дека не користи никакви бенефиции или помош од  Вашата владата “, вели Стојанова.

Андреа Вленди, Германка, истражувач по филолошки науки во Шкотска, која се плаши дека ќе биде депортирана претходно оваа година, бидејќи немала лична здравствено осигурување, вели дека информациите   ја покажувале намерата да се зајакне “непријателскиот однос” спрема граѓаните на Европската сојуз. “Целиот документ едноставно го засилува впечатокот дека сме несакани тука”, вели таа.

Италијанецот, продавач на вино, Гиудо Алтероса, кој во моментов учи   право, вели: “Тоа е како кога мама и тато се разведуваат. Ние сме живееле во куќата на таткото и сега, кога мама ја нема, тој сака и ние да заминеме , или да му плаќаме кирија, како и да може да ни  заклоца  секој пат кога ќе посака’.