„Гардијан“: Играч на Шкендија е меѓу 60-те најталентирани на светот

од Nikola Popovski
532 прегледи

Британскиот весник „Гардијан“ во четвртокот објави листа со 60 млади фудбалери од целиот свет, родени 2004 година, кои се едни од најталентираните во својата генерација. На листата се и четворица млади момчиња од регионот, родени во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Северна Македонија.

Еден од нив е крилниот напаѓач Дашмир Елези, играч на Шкендија од Тетово, роден на 21 ноември 2004 година.

„Тој го носи дресот со број 9, но е посоодветен за игра по крилата, бидејќи може да игра речиси подеднакво добро со двете нозе, или можеби во улогата на втор напаѓач. Брз, агилен, интелигентен и без топка и привлечен за гледање, Елези има врвна техника и е смртоносен во транзицијата на нападот кога ќе истрча длабоко од својата половина “, наведува британскиот медиум.

„Гардијан“ наведува дека дебитирал за сениорите на Шкендија на 16 години и еден ден и веднаш се запишал во листата на стрелци.

Оттогаш, тој одиграл 30 натпревари и постигна седум голови,а сигурно има уште простор за подобрување и развој.

Слични содржини