„Гардијан“: Неопходно заострување на рестриктивните мерки во Шпанија

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Локалните власти во неколку шпански региони воведоа нови рестриктивни мерки со цел да се запре новиот бран на ширење на коронавирус, што ги поткопува напорите за нормализирање на ситуацијата во земјата и запирање на падот на туристичката индустрија, објави лондонски Гардијан.

Епидемијата во Шпанија забави во јуни, а потоа беше укината вонредната состојба, но од тогаш, се зголеми бројот на заразените во 280 кластери, при што Каталонија бележи најголем број нови случаи.

Министерството за здравство објави дека во Шпанија во последните 24 часа се регистрирани 2.615 нови случаи на Ковид-19, што е за 20 пати повеќе од јунскиот просек од 132 нови пациенти.

Само во Каталонија, во последните 14 дена се дијагностицирани околу 8000 нови случаи, а двојно повеќе во целата земја – 16.410.

Во малиот град Тотана во провинцијата Мурсија во југоисточна Шпанија, 30.000 луѓе се во изолација по 55 тестирани позитивни по посетата на ноќен клуб.

Во растечкото несогласување на локалните, регионалните и централните власти, од официјалниот Мадрид се бара да воспостават построги контроли на аеродромот Барајас, каде неодамна беа пуштени 70 заразени патници од странство да одат во Мадрид.

Властите во главниот град апелираат до граѓаните да носат маски, дури и дома ако се со луѓе со кои вообичаено не живеат во заедницата.

На Канарските острови во тек е прилично шокантна кампања во која се емитува видео, на кое се гледа семејна прослава која се претвора во кошмарна катастрофа, со порака „Едноставно семејство собирање може да ве однесе до 40-дневна кома или смрт“.

Доколку наскоро не биде ставена под контрола епидемијата, шпанскиот туристички сектор, кој учествува во економијата на земјата со 12%, наскоро би можел да се најде во целосен колапс.