Гардијан: Стотици американски маринци се испратени во Сирија за помош во борбите со ИД

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Стотици американски маринци со тешка артилерија се испратени во Сирија за подготовка на акции за протерување на ИД од Рака, објави британски Гардијан цитирајќи висок воен американски претставник.

Распоредувањето на војските е времено, но покажува дека Белата куќа сака да даде поголема флексибилност на Пентагон за воени решенија во борбата со ИД.

Освен тоа, САД се подготвуваат да испратат и стотици војници во Кувајт кои би биле подготвени за борби со ИД ако биде потребно. Пентагон тврди дека мисијата е со цел намалување на тензиите во регионот.

Раководството на Пентагон испрати до Белата куќа во крајот на минатиот месец нов план за борба со ИД. Во него беше наведена нова стратегија со зголемување на бројноста на американските сили во Сирија со цел да им се помогне на сириските борци кои ќе ја водат битката за бастионот на ИД – Рака, наведува Гардијан.