833
За нас е најважно државата да се движи напред. Битно е да имаме стабилна Влада. Ние сакаме да бидеме конструктивни, вели претседателот на Алтернатива, Африм Гаши во дебатниот магазин „Click Plus“посочувајќи дека неговата партија нема да влезе во Влада која нема да го реши спорот со соседна Бугарија.
„Не сакаме брзи избори, тоа не е чесно према граѓаните. Сакаме силни гаранции од меѓународниот фактор сека Македонија е блиску до датум за преговори. После изборите во Бугарија очекуваме решавање на спорот. Искрено очекуваме датум за отпочнување на преговори. За тоа треба стабилна Влада“, порача Гаши.