Во рамки на своето гостување на Тв21, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши посочи дека нивните пратеници нема да преминат во владејачкото мнозинство, ниту пак, преговарале со владејачката СДСМ.
„Има доста шпекулации последниот период дека имало преговори со Заев за Алтернатива да биде дел од Владата. Еве кажувам ексклузивно дека немало никакви преговори и разговори со СДСМ. Нема ниту вистина во тоа што го најавува Билал Касами од Беса дека двајца наши пратеници ќе се приклучат кон мнозинството. Ве уверувам дека ние сме супер сложни и така ќе останеме. Засега нема разговори за зголемување на владиното мнозинство“, изјави вечерва Африм Гаши – лидер на Алтернатива во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши кој е во коалиција со Алијанса за Албанците на Зијадин Села дебатира вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 заедно со политичките аналитичари Сафер Селими и Бесим Хода на актуелни теми.