Гаши бара пратениците да поддржат британска иницијатива за притисок врз Србија и поддршка за Косово

од Nikola Popovski
311 прегледи

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши информира дека преземал иницијатива во својство на претседател на Групата за пријателство Косово – Северна Македонија на Собранието на Република Северна Македонија.

-Сакајќи да придонесам макар и малку за дипломатското зајакнување на државноста на Косово, ги замолив сите пратеници на Собранието на Република Северна Македонија да ја поддржат иницијативата на претседателот на Комисијата за надворешни работи на Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство, кој презеде иницијатива да го поддржи интересот на косовската страна за нејзина државотворност. Во писмото, меѓу другото, се нагласува дека има „недостиг на притисок врз Србија“ и „неуспех за понесување одговорност“ за нападите врз мировните сили на КФОР, а е адресирано до емисарот на ЕУ, САД и Обединетото Кралство, додека го потпишаа високите претставници на политиката и дипломатијата во светот, соопшти Гаши.

Покрај Гаши, писмото го потпишале и пратениците Сафије Садики Шаини – АлтернАтивА, Хусни Исмаили – АлтернАтивА, Изет Меџити – Демократско движење, Мерита Коџаџику – Демократско движење, Кастриот Реџепи – Демократско движење, Скендер Реџепи – Народно движење, Бејџан Иљас – ДПТ (Демократска партија на Турците), Фадил Зендели – Движење БЕСА, Мендух Тачи – ДПА и Мухамед Кадриов – СДСМ.

Слични содржини