Гаши и Села задоволни од средбата: На добар пат сме да најдеме заедничко решение

од Берта Китинска
347 прегледи

На добар пат сме да најдеме заедничко решение во врска со еден проблем кој е повеќе од три децении и од кој е засегнат  голем дел од државата и луѓето кои живеат и плаќаат даноци, вели Зијадин Села  од  Алијанса за Албанците.

-Решавањето на ова прашање не прави чекор напред до цивилизираните држави и сојужништвото каде сите ние тежнееме да бидеме членка на ЕУ .Со решавање на овој проблем Македонија нема биде ставена на листата земји кои не ги почитуваат основните човекови права, кажа Села по средбата со премиерот Заев.

И лидерот на Алтернатива, Африм Гаши е задоволен од денешната средба.

-Имавме добра средба и имаме начелен напредок и сме оптимисти дека за неколку дена може да најдеме решение за проблемот со решавање на државјанство, рече Гаши.

Тој ги повика пратениците од Левица и ВМРО-ДПМНЕ, да ги повлечат амандманите за законот за државјанство, објаснувајќи дека и нивната партија ќе ги повлече амандманите за петтиот пакет мерки.

Слични содржини