Гаши излезе од болница и ќе продолжи со работните обврски

од Nikola Popovski
9 прегледи

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес е отпуштен од Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, по дводневен престој и извршени медицински прегледи.

„Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, ја информираме јавноста дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот е добра и стабилна. Денес, г. Гаши е отпуштен од болница и ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки“, соопшти Собранието.

Спикерот Гаши ноќта на 22 јули беше хоспитализиран поради преплет на цревата.

Слични содржини