Гаши: Како е можно албански политичар да сака враќање на Груевски на бел коњ?

од Nikola Popovski
438 прегледи

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши синоќа во интервју изразил уверување дека имало средба на политичари од власта од албанскиот блок со екс-премиерот Никола Груевски во Будимпешта, за да се преговара негово враќање во земјава.

„Ужаснат сум. Како е можно некој Албанец доброволно да го врати Груевски во Македонија? Како е можно Албанец да сака да го врати терор врз Албанците? Како е можно албански политичар да сака да ги врати наместените процеси, Сопот, Монструм… Сакаат да го амнестираат, сакаат да го вратат на бел коњ“, рекол меѓу другото Гаши во емисијата „Клан дебата“.

Гаши додал дека со неодамнешните измени во Кривичниот законик, „власта му овозможила на Груевски да му застарат дел од обвиненијата“. Според Гаши, парламентарното мнозинство го „шверцувало“ законот за Кривичниот законик со европско знаменце.

Слични содржини