Одговарајќи на новинарско прашање, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши информираше дека со влегувањето во Владата, неговите начела не се да ги наполнат своите џебови.
-Додека бев млад, бев основач на музичка група наречена „Празни џебови“. Во тоа време во интервју со еден новинар, изјавив дека името на групата нема да се смени. Ниту јас, ниту моите партиски колеги не сме во политиката за да ги полниме џебовите и затоа се дистанцирам од ваков вокабулар. Сметам дека е штетно политичарите да се перцепираат како поединци, што влегуваат во политиката за да ги наполнат џебовите, вели Гаши.
Според него, постојат такви политичари кои даваат основа вака да се мисли, но тој останува лојален дека неговите начела остануваат исти.
-Знам дека нашите гласачи веруваат во нашите принципи кои ги промовирам. За мене е најважно токму тоа, истакнува Гаши.