Гаши: Македонија и Албанија имаат исти цели и интереси

од Nikola Popovski
82 прегледи

Двете земји на меѓународен план имаат исти цели и интереси, а тоа е да станеме членки на ЕУ. Да соработуваме уште повеќе во областа на одбраната и да ја продлабочиме регионалната соработа. Тоа е можно имајќи предвид дека нашите општества се повеќе созреваат и има повеќе политичка волја и простор за интензивирање на соработката, изјави спикерот Африм Гаши на средбата со неговата албанска колешка, Елиса Спиропали.

Според Гаши, на заедничката средба искажале очекување и надеж дека Македонија и Албанија заеднички ќе го продолжат својот пат кон европската интеграција.

-Тоа е важно и за останатите земји од регионот, бидејќи заедничка ни е посветеноста за сеопфатен развој на Западен Балкан. Укажавме дека проширувањето е една најдобрите политики на Унијата и од долгорочна инвестиција за цела Европа. Тоа е добар механизам за напредок и награди, што не мотивира како земји да ги спроведуваме бараните реформи, кажа меѓу другото претседателот на Собранието.

По изјавите во зградата на Собранието, немаше можност за поставување на новинарски прашања.

Слични содржини