Гаши не потврди дали ќе биде иден претседател на Собранието

од Vladimir Zorba
502 прегледи

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во интервју за „Алсат“ изјави дека една од точките за кои разговарале со ВМРО-ДПМНЕ е на коалицијата „Вреди“ да ѝ припадне функцијата собраниски спикер.

Гаши ниту потврдил ниту демантирал дека ќе биде иден претседател на Собранието.

„За нас беше важно Албанците да продолжат да вршат една од трите функции во државата и секако, бидејќи се знае кој ќе биде премиерот и шефот на државата, побаравме претседателот на Собранието да им припадне на Албанците. Договорот сè уште не е конечен, но начелно се договоривме за некои позиции. Правилно е да се почека она што го договоривме со ВМРО-ДПМНЕ да помине на нашите партиски органи и верувам дека во законскиот уставен рок, а тоа е 28 мај, ќе се конституира парламентот. Мислам дека сите ќе имаме јасна претстава кој е заедничкиот предлог на коалицијата за претседател на парламентот“, изјави Гаши во синоќешното интервју за „Алсат“.

Слични содржини