Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши смета дека јавноста не чита се што е напишано во договорот што го потпиша со премиерот Зоран Заев при влегувањето на партијата во Владата.
-Ние бевме јасни. Владата ќе испорача официјално барање со ЕУ, со барање за независен тим експерти за мониторинг на политички судски случаи. Не се мешаме во судството. Сакаме само независно тело да даде експертиза. Доколку експертите најдат некои доказ, треба да ги достават до македонските судски органи. Бараме само правда, вели Гаши во дневникот на ТВ Сител, додавајќи дека како ќе одлучи судот, тие како партија ќе ги прифатат одлуките.
Гаши додава дека бараат само правда.
-Не сакаме во иднината судските случаи да се политизираат, додаде Гаши.
Во однос на македонско-бугарскиот спор, Гаши е оптимист дека во јануари или февруари ќе почнеме со преговори со ЕУ.
-Со нашата стабилна влада од 64 пратеници и новата влада во Софија има најава дека во јануари и февруари ќе почнеме преговори, потенцира лидерот на Алтернатива.