Гаши: Не се потребни избори во економска и здравствена криза

од Vladimir Zorba
272 прегледи

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши на Првиот конгрес на партијата во изјава за медиумите денеска сподели дека нормално е опозицијата да бара предвремени избори, нешто што и тие го барале додека не биле во власта, и дека тоа е целосно легитимно.

Сепак тие мислат дека не се потребни избори.

– Да мислевме така пред три месеци немаше да бидеме дел од оваа влада, туку ќе одевме на избори. Сметаме дека во ваква криза, и економска и здравствена, и по стабилноста на државата, не смееме во овој момент да одиме на избори, истакна Гаши додавајќи дека се останува во рацете на Собранието.

– 61 пратеник можат во секое време да се договорат да се оди на избори. Ние како Алтернатива сме против тоа, вели лидерот на албанската партија.

Посочи дека кога станале дел од Владата, никаде не посочиле дека ќе направат нешто за 100 дена.

– Кога влегувате на половина мандат, не можете да се обврзувате ништо во тој период. Но ние одржавме средба после 100-те дена, затоа што сакаме да даваме отчет пред нашите гласачи, министри и сите граѓани. Тоа беше целта. Сакаме тие точки уште денес да се реализираат, но објективно кога има пречки, го разбираме тоа. Работиме интезивно од другата страна имаме разбирање. Колку ќе се реализира тоа, ќе покаже иднината, смета Гаши.

Слични содржини