Гаши очекува победа во првиот круг во Чаир

од Берта Китинска
187 прегледи

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши смета дека не треба настанот во Тетово да бидат предмет на политички препокување.Според него Заев треба да ја прифати оставката на Филипче. А, протестите во Тетово се  оправдани, но тие не треба да бидат проследени со насилства и во вакви случаеви не треба да биде напаѓана една политичка партија.

-Пред избори сме политичките партии се обидуваат да задржат рејтинг, но моралните оставки како и нивното неприфаќање е купување на време и калкулација, вели Гаши за Утрински Брифинг.

Во однос на локалните избори тој смета на победа.

-Кога се наближуваат локалните избори граѓаните се вртат кон своите релани проблеми, што мислам дека е позитивен знак.На овие избори граѓаните излегуваат од своајта „етничка кожа“ и бараат решение. Чаир, Тетово, Сртуга и Дебар ќе бидат првата линија на фронтот каде што ќе се води битката, ние ќе настапиме во сите општини и како Алтернатива очекуваме во привот круг победа во Чари, потешка битка ќе биде во Тетово и Струга, смета претседателот на Алтернатива.

Слични содржини