Гаши: Очекувам од македонските партии резолуција и за промена на формулацијата за албанскиот јазик во Уставот!

од Берта Китинска
159 прегледи

„Не правете им го на други тоа што не сакате вам да ви го прават“, вели Африм Гаши, лидерот на партијата Алтернатива, која е во коалиција со Алијанса за Албанците за предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во изјава за Дојче Веле потенциар дека  очекува македонските партии да предложат и резолуција со која ќе се промени формулацијата за албанскиот јазик во Уставот кој е дефиниран само како „јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, а кои не се мнозинство.

„Нагласува дека нема ништо против предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека идентична почит треба да се рефлектира и кон една од идентитетските компоненти на Албанците во земјата – албанскиот јазик.Во принцип почитувам и поддржувам секој човек, следствено и секој народ, да се определи како што се чувствува и да го брани и негува својот етнички, културен, религиозен и јазичен идентитет. Но, истовремено тие кои се чувствуваат дека нивниот идентитет е загрозен во која било битна компонента, треба да знаат дека треба да го почитуваат и да им дозволат и на другите да го бранат својот идентитет во секоја своја димензија. Во вакви слични политички битки, кога на мета бил идентитетот на нашите сограѓани Македонци, сите граѓани од другите етнички заедници, а особено Албанците, застанале во одбрана и на страна на своите сограѓани, со кои ја делиме истата судбина и иднина и градиме заедничка држава. За време на тридеценискиот спор со Грција кој навлегуваше во идентитетската сфера, Албанците застанаа зад Македонците, но и сега, кога кулминираше спорот со Бугарија, Албанците повторно застанаа зад Македонците. Ние цело време покажуваме емпатија кон Македонците и така ќе продолжиме, но за жал тоа не е реципрочно“, вели Гаши.

 

Слични содржини