Гаши одговори дали Беким Сали е во игра за старо-нов министер за здравство

од Nikola Popovski
24 прегледи

Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека би сакал да се слика со сите пратенички групи доколку сакаат, како што го направил тоа последните денови со пратеничката група на ВЛЕН.

-Јас не сум дојден од Шведска, тука сум од политика и припаѓам на таа коалиција и нормално кога има реформатирање…И првиот пат кога ја формиравме пратеничката група, сум се потпишал. Имаше јавен прием. Редно е да покажеме – јас припаѓам на таа пратеничка група. Нема да ја фаворизирам, кажа Гаши во емисијата „24 анализа“.

Спикерот истакна дека нема информација кој ќе се приклучи кон новата пратеничка група на ВЛЕН. Вели дека не е вклучен во преговорите ниту има контакт во убедување на пратеници да преминат во друга пратеничка група.

На прашањето дали пратеникот Беким Сали е во игра за старо-нов министер за здравство, Гаши посочува дека од стручен аспект и тоа што го покажал во минатото како министер, ги исполнува сите услови и би било за бенефит на државата да биде министер.

-Сепак, овие калкулации се дел од анализата на ВЛЕН и тие ќе анализираат, па ќе дојдат до одлука која е најдобра. Како што ќе одлучат, ќе ја имаат мојата поддршка. Ќе го поддржам тој предлог кој ќе донесе за зајакнување на здравството, посочи собранискиот претседател.

Сали беше министер во периодот од јануари 2022 година до февруари 2023 година.

Слични содржини