57
Претседателот на македонскиот Парламент Африм Гаши им ја честиташе на граѓаните на Косово 17-годишнината од прогласувањето на независноста, нагласувајќи дека Приштина и Скопје негуваат цврсто партнерство и пријателски односи.
Гаши на Фејсбук објавви дека секој Албанец денес треба да го слави макотрпниот, но триумфален пат на Косово кон слободата и независноста.
„Како претседател на Собранието на С.Македонија, ја користам оваа прилика да го истакнам партнерството и одличните пријателски односи меѓу нашите две земји. Изградбата на успешна демократска држава и интегрирањето на Косово се мирни битки кои граѓаните на Косово заслужуваат да ги добијат! Ви го честитаме 17 февруари, Денот на независноста на Косово“, нагласи Гаши.