Гаши се сложува со Гренел: Беспредметна е постапката против Хашим Тачи, таа војна беше чиста и праведна

од Nikola Popovski
703 прегледи

Што се однесува до специјалниот суд во Хаг за водачите на ОВК, мислам дека тоа целосно е беспредметно. Се почна заради нешто и продолжи сосема друго. И во доказите и во постапката се гледа дека нема никакви докази. Мислам дека таа војна беше чиста и праведна и мислам дека тие треба да се ослободат. Таму нема командна одговорност според мене. Ако некој направил некакво злосторство, треба да одговара, но, што се однесува до таа војна, мислам дека Гренел е во право и се сложувам со него, изјави синоќа претседателот на Собранието, Африм Гаши во емисијата на „360 степени“, емитувано на МРТ.

Поранешниот косовски претседател Хашим Тачи се соочува со дополнителни обвиненија од Специјализираниот суд во Хаг, кои вклучуваат попречување на правдата и непочитување на судот. Според обвинението, Тачи и четворица други, меѓу кои Башким Смакај и Хајредин Кучи, се обвинуваат за нелегални активности поврзани со заплашување сведоци и манипулирање со докази.

Ваквото прашање Гаши го доби откако специјалениот пратеник на американскиот претседател за дипломатски мисии и политички прашања, Ричард Гренел во една од последните објави, честитајќи го Денот на независноста на Косово, повикува на „незаконскиот затвор“ на Тачи и за тоа ги обвинува Европејците.

Тачи, кој поднесе оставка од функцијата претседател на Косово во 2020 година за да се соочи со обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото, продолжува да го негира обвинението и да се изјаснува за невин. Тој беше еден од највлијателните лидери на Косово по прогласувањето независност од Србија во 2008 година.

Судењето за воени злосторства и злосторства против човештвото против Тачи и други поранешни лидери на ОВК, како Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, сè уште е во тек.

Слични содржини