263
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши смета дека живееме во демокрaтски систем и ако 61 пратеник одлучат да одиме на избори, нормално дека ќе се оди.
-Легитимно е. Ако се распушти Собранието, нормално дека ќе одиме на избори, рече Гаши пред Собранието.
Тој наведе дека добивањето датум не е единствената причина за влез на неговата партија во Владата. Според него, земјата најверојатно ќе добие датум во јануари или во наредните месеци.
-Ако Бугарија и ЕУ се уште не се одлучни да ја отворат оваа врата во декември, мислам тогаш тоа ќе се случи во јануари, мислам дека ќе треба да почекаме. Не мислам дека тоа беше единствената причина што станавме дел од Владата, има многу причини, но ова беше навистина многу важно, и една од најважните, рече Гаши.