Гаши смета дека се потребни промени во Судскиот совет

од Nikola Popovski
34 прегледи

Темата е покомплексна и сакаме да биде долгорочно решен проблемот, сме во консултации со повеќе експерти и институции и сакаме да дојдеме до издржливо решение, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши околу можното разрешување на Судскиот совет.

На прашањето дали Собранието има ингеренции да разреши членови на Судскиот совет, спикерот истакна дека треба да се испочитуваат сите институции и да се дојде до заедничко мислење, па после тоа со заеднички став да се реши проблемот. Сепак, Гаши оценува дека се потребни промени во Судскиот совет.

-На сите граѓани им е јасно дека реформи во правосудството ни се потребни и тоа подлабоки, но, да внимаваме да бидат тие содржајни и реформи кои одат кон подобро затоа што неколку пати сме пробале, така избрзувајќи и не сме донеле решенија кои се одржливи и долгорочни. Овој пат сакаме да внимаваме и пристапот е поинаков, констатира претседателот на Собранието, одговарајќи на новинарски прашања, по редовниот месечен брифинг со новинарите.

Слични содржини