Претседателот на Собранието Африм Гаши одговарајќи на прашање за зачувување на Охридскиот рамковен договор и забелешките дека тој станал прв човек на законодавниот дом со помалку гласови од Европскиот фронт, вели дека „човек кој го знае Рамковниот договор, и Уставот на Р.С. Македонија јасно му е дека тоа воопшто не е дел од Рамковниот договор“.
-Можеби тој заборавил, тоа било „Мајскиот договор“ кој го потпишал со Никола Груевски и кој самиот го прекрши, но таквиот договор никогаш не беше дел од уставот и не стана и не може да има таков договор во Уставот, затоа што се коси со секое демократско право. Владата се прави со 61 пратеници, со мнозинство, а од друга страна албанската коалиција, ВЛЕН доби 107.000 гласови со што потполно го носи легитимитетот на Албанците во ова Собрание, рече Гаши во интервју за РСЕ.
Гаши вели дека пратенците од коалицијата Вреди ќе се залага за што побрзо интегрирање на нашата земја во Европската Унија, но, додава, дека тоа е комплексно прашање и ќе работиме сите заедно тоа да се случи што е можно побрзо.
Во однос на тоа кога ќе биде закажана првата собраниска седница вели дека пленарните седници ќе се закажуваат во координација со сите политички партии.
– Ние имавме веќе вчера една неформална средба со претставници на политички партии, чекаме да се формализираат пратеничките групи и координаторите, и веднаш штом ќе имаме согласност од повеќето политички партии, ќе пристапиме кон свикување на нова седница, рече Гаши.
Како коалиција која е веќе на повидок меѓу ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, потенцира тој, е договорено, новата влада да почне со нова организација на државата, организација на министерствата и ресорите.
-Сакаме прво да го донесеме тој закон, за да може владата која ќе се бира да биде избрана во рамките на тој закон и таа нова организација. Затоа ќе сакаме и ќе се потрудиме заеднички со сите политички партии во Собранието, да се договориме, тој закон да биде еден од првите кои ќе биде поставен на пленарната седница, вели Гаши.
Потврдува дека во тој пакет ќе бидат вметнати и измени на закони за да сае спречи да има предвремени избори за градоначалници онаму каде што тие станаа пратеници.