Лидерот на Алтернатива Африм Гаши во студиото на ТВ21 кажа дека спорните судски случаи се едно од нивните ветувања и една од точките од договорот со Зоран Заев за да се приклучат кон владата.
„ Судството не е реформирано и можам да кажам дека е заробено преку партизацијата во овие 30 и повеќе години независност. Некои судии судат според идеолошките определби, партиските определби и таканатаму. За оваа реформа треба консензус од сите партии. Наше ветување беше дека за спорните судски случаи кои станаа и политички како што се Монструм, малиот Алмир, Диво Насеље и тн. мора да се обратиме за помош во европските институции. Мое, односно наше како партија Алтернатива која сега е дел од власта е да направиме се владата да побара помош, а дали европските институции ќе помогнат, ќе дојдат или ќе понудат нивна експертиза тоа не знам и не можам да гарантирам“, рече Гаши.