Запрашан дали како владеачко мнозинство се спремни да гласаат за укинување на Техничката влада без поддршка од СДСМ, спикерот Африм Гаши вели дека законот тоа го овозможува, но вели, мислам дека треба да се договориме, особено за работи до кои заедно се дошло до такво решение.
-Мислам дека е подобро сите заеднички да се договориме кога престанува потребата од таква Техничка влада. Ако се настојува да се пристапи инаетливо или унилатерално да се застане зад некој став е друга работа. Треба да се аргументира и да се дојде до решение со кое сите заедно, еден ден ќе кажеме дека оваа Техничка влада не ни треба. Сите заедно треба да го изгласаме тој момент ако дојде до такво нешто, кажа Гаши во изјава за медиумите.
Околу тоа дали мисли „инаетливост“ за ставот на СДСМ, претседателот на Собранието рече дека не мисли на опозициската партија, туку општо, според него, силината на аргументите да бидат битни за решавање на проблемите, а не некој посебен интерес на некоја политичка партија.