Гашиќ: Полицајци ќе ги обезбедуваат сите училишта во Србија

од Radmila Tasevska
274 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ денеска изјави дека во текот на учебната година полицајци ќе ги обезбедуваат сите училишта и ќе се грижат за безбедноста на учениците во таа држава.

Гашиќ на ученици во едно ОУ и едно Средно училиште во Белград им порача дека „ако имате некаков проблем, знајте дека училишниот полицаец е тука да реагира и да биде личност на која можете да му верувате, како и твоите наставници и родители“, јави Бета.

Според соопштението на МВР, министерот им порачал на средношколците „да ја сакаат својата земја, да се почитуваат, да го негуваат пријателството и да ги штитат своите пријатели“, а ги повика основците да бидат активни во проектот „Заедно и безбедно низ детството „ во која преку работилници ќе научат да препознаваат насилство и како да се заштитат и кому да се обратат доколку се случи.

Присуството на полицијата е зголемено во и околу училиштата во Србија откако ученик од белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај уби девет ученици и еден чувар.

Слични содржини