Гасна когенеративна централа е решението на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на загаденоста

од Nikola Popovski
140 прегледи

Состојбата со загадениот воздух, посебно во Скопје, е таква каква што е затоа што СДСМ седум години на власт ништо не направија во овој поглед. Освен што на предизборните митинзи, после кои и ја преземаа власт, викајќи на цел глас „ајро, ајро, нема воздух“ ветуваа чист воздух за македонските граѓани, седум години на власт со прст не мрднаа, велат од ВМРО-ДПМНЕ за ситуацијата со загаденоста низ земјава и рушењето рекорди на платформите што ги мерат ваквите податоци.

Од најголемата владеачка партија велат дека решавањето на проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух бара системското делување и големите вложувања во заштита на животната средина кои ќе ги исклучат главните фактори на загадување. Според ВМРО-ДПМНЕ, решението за тоа е гасна когенеративна централа, за која велат дека ќе обезбеди топлинска енергија со значително и драстично намалување на загаденоста, а во исто време ќе произведува електрична енергија која ќе се користи во стопанството. Од партијата на Христијан Мицкоски истакнуваат дека Владата ќе даде значителни субвенции кои ја поттикнат и забрзаат изградбата на централата.

Пред четири дена, Скопје се искачи на петото место во светот по загаденост на воздухот, според листата на Ајкју Ер (IQAir).

Децата во градинките и во училиштата дишат загаден воздух со супспендирани честички двојно повисоки од максимално дозволената граница од СЗО – покажало истражувањето во пет општини во државава. Констатирано е дека влијае на психофизичкиот развој кај децата, концентрацијата, размислувањето. Современите системи за вентилација можат да го намалат загадувањето во затворен простор и до 90 отсто, вели професорот Мираковски.

Градинките дел од средствата кои ги добиваат од ресорното министерство да ги искористат за прочистувачи.

Загадувањето посебно се чувствува во вечерните часови, велат граѓаните и размислуваат да ги вратат маските за да се заштитат. Некои веќе ги активирале прочистувачите.

Како најголеми извори на загадување стручната јавност ги посочува согорувањето дрва, минералната прав и сообраќајот.

Опозицијата обвинува дека власта не презема ништо во справување со загадениот воздух.

Слични содржини