Гасол и официјално во Лејкерс

од Vladimir Zorba

Марк Гасол, еден од најдобрите шпански кошаркари, ја продолжува својата кариера во редовите на НБА шампионот, Л.А. Лејкерс.

Франшизата од Лос Анџелес на тој начин го потврди објавеното во изминатите неколку дена, па искусниот кошаркар во иднина ќе го носи дресот на „езерата“.

Извештаите од САД јавуваат дека Гасол потпишал двегодишен договор, во кој нема опција да ги напушти Лејкерси по крајот на првата сезона.

Како што стојат работите, тој ќе има годишна плата од 5,3 милиони долари.

Лејкерси ќе бидат третиот НБА-клуб за 35-годишниот кошаркар, откако претходно играше за Мемфис од 2008 до 2019 година.

Минатата сезона тој играше за Торонто Репторс, со кого го освои и шампионскиот прстен.

Неговиот постар брат, Пау, им помогна на Лејкерси да стигнат до титулите во 2009 и 2010 година.

Интересно, Лејкерси го драфтуваа Марк уште во 2007 година, но го трејдуваа во Мемфис за да го обезбедат доаѓање на неговиот брат, Пау.

По 13 години и вториот Гасол ќе игра за славниот клуб од Лос Анџелес.

Слични содржини