Гасперини: Напишавме историја на „Енфилд“

од Vladimir Zorba

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини беше исклучително среќен по победата од 3:0 на гостувањето кај Ливерпул во четвртфиналето на Лига Европа.

„Ви благодарам! Тоа беше извонредна и неверојатна победа за историјата на Аталанта. Им благодарам на сите навивачи кои со толкава страст дојдоа во Ливерпул и го поддржаа тимот на трибините. Не прави особено горди што го одигравме четвртфиналето во Лига Европа на „Енфилд“ и резултатот што го постигнавме е нешто што ќе остане“.

„Не можете секогаш да освојувате трофеи, но кога ќе испишете историја за клуб како нашиот, тоа значи многу. Се разбира, ние сме среќни што победивме со 3-0, но Ливерпул е исклучително добар тим кој може да постигне гол во секој момент. Реваншот треба да се браниме на ист начин како што веќе направивме, но и повторно да нападнеме на истиот начин“, изјави Гасперини.

Реваншот во Бергамо е следната недела на 18 април.

Слични содржини