Пивото е вообичаен дел од рутината на многу луѓе. Сепак, тоа не е за секого.
Според гастроентерологот Џонатан Кунг од болницата „Маунт Синај“, постојат некои групи на луѓе кои треба да се воздржат од пиење пиво.
Луѓе со историја на дијабетес или преддијабетес
Иако списокот на состојки на пивското шише не секогаш вклучува шеќер, тој природно се формира за време на процесот на ферментација на квасецот.
„Пивото може брзо да предизвика зголемување на шеќерот во крвта или, ако се пие на празен стомак, може да предизвика брз пораст на инсулинот и да доведе до хипогликемија“, објаснува д-р Кунг.
Луѓе кои се обидуваат да изгубат тежина или се со прекумерна тежина
Ако сакате да ги изгубите вишокот килограми, треба да се држите настрана од пивото. Пивото има од 100 до 200 калории, што треба да се има на ум.
Луѓе кои се чувствителни на глутен
Оние кои не јадат глутен треба да избегнуваат пиво бидејќи тоа може да придонесе за идни дигестивни проблеми.
„Пивото често содржи глутен, кој може да предизвика воспалителен одговор во цревата кај многу пациенти, што резултира со гастроинтестинални симптоми“, вели д-р Кунг.
За среќа, постојат опции без глутен, кои се добар избор во овој случај.
Луѓе со историја на синдром на иритабилно дебело црево
Проблемите со желудник можат да бидат многу непријатни, најдобро знаат оние со синдром на иритабилно дебело црево. А пивото предизвикува надуеност, гасови, а понекогаш и дијареа, но и болки во стомакот, пренесува Index.hr.
Луѓе со историја на хронично заболување на црниот дроб или цироза
Ако ви е дијагностицирано заболување на црниот дроб или цироза, избегнувајте пиво.
„Кога алкохолот се метаболизира во веќе надразнетиот црн дроб, тој дополнително може да го забрза оштетувањето на паренхимот на црниот дроб и на крајот може да резултира со опаѓање на функцијата на црниот дроб“, додава д-р Кунг.