Гатузо кон играчите на Марсеј: „Ако јас сум проблемот, кажете ми“

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Во Марсеј денеска се собраа на кризен состанок по поразот од Лион, пренесуваат француските медиуми. Тимот нема победа од почетокот на годината, испадна од Купот на Франција и се оддалечува од местата кои даваат право на настап на европските турнири. На состанокот беа претседателот на клубот Пабло Лонгорија, управата, тренерот Џенаро Гатузо и играчите.

„Минатата сезона ми кажаа дека Игор Тудор е премногу строг, потоа слушнав дека Марселињо не бил доволно строг. Не можеме да продолжиме да бараме изговори, но мораме да реагираме пред да биде доцна и сезоната да биде неуспешна“, изјави Лонгорија, кој исто така ги призна грешките.

Гатузо, исто така, повика на акција, како и искреност од играчите, велејќи: „Ако јас сум проблемот, кажете ми“.

Според „Радио Монте Карло“, играчите се задоволни од работата со Гатузо, иако нивниот настап на теренот не ги надмина очекувањата.

Слични содржини