Новиот тренер на Валенсија, Џенаро Гатузо сака да донесе двајца играчи на Милан во тимот. Поранешниот играч за врска на „росонерите“ ги идентификуваше Тиему Бакајоко и Саму Кастиљехо, кои не се главни фигури на „Сан Сиро“ и се очекува клубот да се раздели со нив.
Интерес за Кастиљехо има и од Севиља, а Бакајако кој е во сопственост на Челsи не е во плановите на Томас Тухел и ќе мора да бара нов тим.
Се очекува Милан да го продаде Лео Дуарте на Истанбул Башакшехир за 5,5 милиони евра, откако Бразилецот минатата сезона играше на позајмица во Турција.
Во составот на италијанскиот шампион нема да биде ниту Матијас Калдара. Дефанзивецот ќе стане слободен играч на крајот на месецот. Калдара беше префрлен во Венеција и забележа 31 натпревар во Серија „А“, но тимот испадна.
Една од опциите за Калдара е преселба во Емполи.