Она што се пишуваше претходните денови во шпанските и италијанските медиуми, денеска доби и официјална потврда – Џенаро Гатузо е назначен за нов тренер на Валенсија.
Оваа вест „лилјаците“ ја објавија на нивните официјални профили на социјалните мрежи и ја информираа јавноста дека договорот е потпишан до 2024 година.
„Валенсија постигна договор со Џенаро, кој ќе го води првиот тим на нашиот клуб во следните две години, односно до 30 јуни 2024 година“, се вели во соопштението на шпанскиот клуб.
Valencianistas, vivamos con pasión esta temporada
👋🏽 🇮🇹 Afició, ja estic ací❗#ADNVCF 🦇#ElCORdelVCF pic.twitter.com/EE4EF2z5Gt
— Valencia CF (@valenciacf) June 9, 2022
Исто така, се наведува дека популарниот Рино постигнувал големи резултати и како играч и како тренер каде и да играл и работел, па се очекува тој победнички менталитет да го донесе и на „Местаља“.
Шпанскиот клуб минатата сезона го зазеде петтото место на табелата во Примера, а клубот верува дека италијанскиот стручњак, кој работеше во Милан и Наполи, може да им помогне следната сезона да влезат во борба за Лигата на шампионите.