271
Раководството на Фиорентина нема да му понуди нов договор на фудбалерот Франк Рибери, па тој може да го напушти клубот како слободен агент, пренесуваат италијанските медиуми.
Договорот на Рибери истекува на 30 јуни, а како што објави Скај Италија, новиот тренер Винченцо Италијано нема да смета на него во претстојната сезона.
Тој се пресели во Фиорентина во август 2019 година, по 12 години минати во Баерн Минхен.
38-годишниот француски фудбалер наводно сака да остане во Италија. Тој минатата сезона одигра 29 натпревари во Серија А, постигна два гола и имаше седум асистенции.
Рибери беше опериран на глуждот во декември 2019 година, поради што паузираше пет месеци.