
Гавран може да замисли дека набљудува скриен ривал, и при тоа покажува способност за апстрактна мисловна активност која се смета за вродена функција само кај луѓето, покажува новото истражување, цитирано од The Guardian. Научниците докажале дека птиците вложуваат дополнителни напори при криењето на храна кога се сомневаат дека нивните движења се забележани од друг гавран, дури и ако таков нема.
Откритието, објавено во Журнал Nature Communications, претпоставува дека гавранот е во можност да го разбере она што може да се случува во главата на друго животно.
„Ова докажува дека способностите кои ги сметавме за исклучително човечки може да се откријат и кај други животни“, вели водечкиот автор Томас Бугнјар, професор на Виенскиот универзитет.
Во текот на шест месеци истражувачите го проучувале однесувањето на десет одгледани во заробеништво гаврани. Птиците биле ставени да живеат едно до друго во простории, поделени со прозорци, кои првично биле оставани да бидат нескриени, па гавранот можел да забележи друг подалеку како се храни. Во следната фаза научниците ги спуштиле прозорците, но оставиле сличен отвор на шпионка, а птиците биле научени дека можат да гледаат и да бидат видени низ нив.
По завршувањето на обуката, тимот репродуцирал записи на звуци од гаврани, додека птиците складирале храна. Тоа го правеле само кога шпионката била отворена сепак, гавраните вложувале дополнителни напори за да ја скријат нивната храна. Кога шпионката била затворена – дури и во заднина на пуштање на исти звуци птиците доаѓале до заклучок дека не би можеле да бидат забележани.
Гавраните покажале разбирање дека можат да бидат забележани и во согласност со тоа го менуваат своето однесување. „Ова укажува дека гавран не само интерпретираат и реагираат на однесувањето на другите птици, но прават генерализации врз основа на своето искуство,“ истакнува Бугнjaр.