Газа: Израелската армија упадна во болницата Ал Шифа

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Израелската армија упаднала во болничкиот комплекс Ал Шифа во Газа, јавуваат израелските медиуми.

Јусеф Абул Риш, официјален претставник од министерството за здравство управувано од Хамас, кој е со седиште во болницата, рече дека видел израелски тенкови во комплексот и „десетици војници и командоси во собата за итни случаи и приемната зграда“, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелската армија (ИДФ) претходно објави дека нејзините војници извршиле операција против Хамас во Ал Шифа, најголемата болница во Газа.

„Врз основа на разузнавачки информации и неопходноста од операцијата, израелската армија спроведе насочена и прецизна операција против Хамас во одредена област на болницата Шифа. Во рамките на силите на ИДФ има медицински тимови и луѓе кои зборуваат арапски кои добија специјални обука за подготовка за овој медицински комплекс и чувствителна средина, со намера да не им се наштети на цивилите“, соопшти израелската армија.

Слични содржини