Најмалку 17 лица загинаа во израелските напади врз бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, јавија утринава палестинските медиуми.
Новинската агенција Wafa објави дека 17 лица загинале во нападот на полноќ, додека Палестинскиот информативен центар соопшти дека загинале 15 лица, а „голем број“ се уште се под урнатините.
Би-Би-Си наведува дека не може да ги потврди бројките на жртвите.