Газа потона во ТЕМНИНА: Еве како изгледаше пред пет дена, а како синоќа (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
215 прегледи

Израел денеска соопшти дека нема да пропушти хуманитарна помош за време на опсадата на Појасот Газа додека Хамас не ги ослободи сите израелски заложници, откако Црвениот крст побара да дозволи транспорт на гориво во Појасот Газа за преполните болници да не се „претворат во мртовечници“.

Израел вети дека ќе го уништи движењето Хамас кое владее со Појасот Газа како одмазда за најсмртоносниот напад врз Евреите од холокаустот, кога стотици вооружени мажи ја преминаа границата, убивајќи најмалку 1.300 луѓе, главно цивили, и зедоа десетици заложници.

Израел одговори со ставање на енклавата, дом на 2,3 милиони луѓе, под целосна опсада и го започна најмоќното бомбардирање во 75-годишната историја на израелско-палестинскиот конфликт, уништувајќи цели населби. Единствената електрична централа е во прекин, а на болниците им снемува гориво за генераторите за итни случаи.

Сателитските фотографии објавени од НАСА покажуваат дека Газа била осветлена на 6 октомври, за да потоне во темнина по нападот на Хамас. Видеото на кое се гледа Газа во темнина е снимено на 11 октомври.

Израелски министер: Нема да добијат струја додека Хамас не ги ослободи заложниците

Властите во Појасот Газа соопштија дека повеќе од 1.200 луѓе се убиени, а повеќе од 5.000 се ранети во бомбардирањата.

„Човечката беда предизвикана од оваа ескалација е ужасна и ги молам страните да го намалат страдањето на цивилите“, рече во четвртокот Фабрицио Карбони, регионален директор на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

 

„Како што Газа ја губи струјата, болниците губат струја, ставајќи ги новороденчињата во инкубатори и постарите пациенти на вентилатори во ризик. Дијализата на бубрезите е запрена, а рендген не може да се направи. Без струја, болниците ризикуваат да се претворат во мртовечници“, додаде тој.

Израелскиот министер за енергетика Израел Кац изјави дека нема да има исклучоци за хуманитарна помош во опсадата, додека не бидат ослободени израелските заложници.

„Хуманитарна помош за Газа? Нема да биде подигнат ниту еден електричен прекинувач, нема да се отвори хидрант за вода, ниту камион со гориво нема да влезе додека израелските заложници не се вратат дома. Хуманитарна за хуманитарна. И никој да не ни зборува нам за морал“, објави Кац на платформата Х (Твитер).

Слични содржини