Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека 41 член од исто семејство загинале во израелското бомбардирање на нивната куќа во централниот дел на градот Газа.
Министерството објави список со имињата на 41 член на семејството Малка, од кои сите загинале во нападот кој се случил во зори во населбата Зајтун во Појасот Газа, пренесува AFP.
На ова следеа реакциите на корисниците на социјалните мрежи на веста за страдањето на толку голем број членови на исто семејство, кои споделија список со имињата на загинатите.
Тие ги осудија злосторствата на окупацијата со која беа истребени цели семејства и избришани од регистарот, наведуваат некои во своите објави.
Досега во израелските напади се убиени 13.000 Палестинци, од кои 5.500 деца и 3.500 жени, а повеќе од 30.000 луѓе се ранети.