Газдарица од Кавадарци затаила данок од над 50 милиони денари

од Nikola Popovski
45 прегледи

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против С.Т., сопственичка и управителка на компанијата „Руж Експорт“ од Кавадарци, поради основано сомнение за даночно затајување во износ од над 50 милиони денари.

Според пријавата, С.Т. во периодот од 2013 до 2018 година, набавувала стока во готово од физички лица без да ја евидентира во деловните книги на фирмата. Преку 2.785 фактури и изјави за потекло, стоката била извезена во Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Русија во вредност од над 514 милиони денари, без да биде пресметан и платен данок на добивка.

Дополнително, пријавената доставувала невистинити завршни сметки за дел од годините до Централниот регистар и УЈП, а целокупната книговодствена документација била уништена. За 2017, 2018 и 2019 година, не биле поднесени завршни сметки, по што фирмата била избришана од регистарот во 2020 година.

Со овие дејствија, С.Т. се стекнала со противправна имотна корист и го оштетила државниот буџет за над 50,8 милиони денари.

Слични содржини