Газдата на „Беса Транс“ седна на обвинителна клупа

од Берта Китинска
173 прегледи

Газдата на „Беса Транс“ Беким Хаџиу чии автобус изгоре во Бугарија седна на обвинителна клупа.

Но, првото рочиште денеска, Судот го одложи бидејќи за одржување на јавна расправа беше потребно „Беса транс“ да има официјален застапник, односно не беше можно да прифати во оваа постапка обвинетиот сопственик и управител на фирмата да биде и овластен претставник на „Беса транс“ како обвинето правно лице.

-Ова е процес исклучиво по поднесен обвинителен предлог во делот на работењето на самото правно лице.Ние веруваме во Судот, оставаме на Судот да одлучи во делот на сето она што ќе биде презентирано од Обвинителството и од одбраната, како теорија на случај и од двете страни, па ќе го знаете и резултатот изјави денеска адвокатот Асмир Алиспахиќ, застапник на обвинетиот во случајот „Беса Транс“.

На Хаџиу му се суди бидејќи автобусот во кој изгореа 46 патници немал лиценца за меѓународен превоз на патници.

Автобусот на „Беса Транс“ на враќање од Истанбул се запали и изгоре на автопат во Бугарија лани во номеври. Тогаш загинаа 46 патници, меѓу кои и 12 деца. Седум патници успеаа навреме да излезат од автобусот.

Слични содржини