„Газета дело Спорт“: Отказот на Мота е прашање на часови

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Раководството на Јувентус донело цврста одлука да го раскине договорот со Тиаго Мота, а според „Газета дело Спорт“ неговиот отказ е прашање на часови.

Клучен фактор за разделбата беа двата тешки порази – 0:4 од Аталанта во Торино и 0:3 на гостувањето кај Фиорентина. „Бјанконерите“ моментално се петти во Серија А и ќе мора да се борат силно за пласман во Топ 4, кој гарантира учество во Лигата на шампионите. Надежите за титула сега се целосно изгубени.

Според последните информации, Јувентус нашол привремено решение во лицето на Игор Тудор. Хрватот се согласи да го преземе тимот за краток период – само два месеци, што е невообичаен потег во голема фудбалска лига. Неговата главна задача ќе биде да го стабилизира составот во преостанатите девет натпревари од сезоната и да го подготви теренот за новиот постојан тренер.

Од лето клубот најверојатно ќе му биде доверен на Роберто Манчини. Според италијанските медиуми, поранешниот селектор на Италија веќе се договорил за двегодишен договор со „старата дама“.

Слични содржини