Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи со Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 61878, бројката на оздравени пациенти е 38946, на починати е 1763, а бројот на активни случаи изнесува 21.169.
Во Скопје активни се речиси половина, односно 9.996, а лидер е Гази Баба со 1502.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 625
• Гази Баба – 1502
• Аеродром -1436
• Карпош – 1169
• Центар – 1089
• Кисела Вода – 1237
• Ѓорче Петров – 867
• Бутел – 585
• Шуто Оризари – 195
• Студеничани – 53
• Сарај – 169
• Арачиново -31
• Илинден – 265
• Сопиште – 57
• Чучер Сандево – 100
• Петровец –138
• Зелениково -84
• Странец – 219
• Нераспределен- 175.
Од Министерството за здравство се извинуваат за доцнењето на извештајот за ковид состојбата во земјава.